Од „славните“ терени на втората лига на Република Српска, доаѓа еден од најбизарните обиди за симулирање во историјата на фудбалот.
Во дуелот од 13. коло против Сутјеска од Фоча и Леотар од Требиње, домашниот тренер најде уникатен начин да „одолговлекува“ време при 1:0 водство на неговиот тим. Откако една топка го удри го стомак, тој прво застана, па потоа влезе на теренот и почна да се тркала во обид судијата да го прекине мечот.
Сепак, судијата не „падна“ на трикот и му покажа црвен картон.