Top Sport

Јужна Африка го освои Светското првенство

Јужна Африка го освои Светскиот куп во рагби трет пат во својата историја. Во финалето, во Јапонија, Јужна Африка ја победи Англија 32:12.

Јужна Африка го задржа максималниот ефект во финалните мечеви, во третото финале ја освои третата светска титула. Претходно беа најдобри во 1995 и 2007 година.

Херој на победата на Јужна Африка беше Андре Полард кој постигна 22 од вкупно 32 поени на својата репрезентација. крилата Маказоле и Колб потоа во второто полувреме со своите есеји го постави конечниот резултат.

За најдобар играч е прогласен Двејн Фермулен. Пехарот го подигна капитенот Си Колиси кој влезе во историјата бидејќи е првиот црномурен играч што го кренал пехарот наменет за светскиот првак.

Scroll to Top