Нова несреќа ја погоди франшизата која изминатите пет години доминираше во НБА лигата. Голден стејт Вориорс останаа без уште една ѕвезда, Дрејмонд Грин.
Неволјите за тимот започнаа во финалната серија против Торонто Репторс минатата сезона, кога со тешки повреди се здобија Кевин Дурент и Клеј Томпсон. Дурент веќе не е во клубот, а Томпсон нема да игра оваа сезона.
На стартот на новата сезона Стеф Кари ја скрши раката, сигурно ќе отсуствува три месеци, а синоќа против Сан Антонио Спарс се повредил и Дрејмонд Грин.
Американските медиуми објавија дека повредата на Грин не била воопшто наивна. Тој имал голем оток на дланката и сигурно ќе отсуствива извесен период.
Вориорс се во фаза на реконструкција на тимот, а повредите на главните играчи ги наведоа аналитичарите да го постават прашањето дали Вориорс оваа сезона ќе „танкираат“, односно дали ќе одат на варијантата да го имаат најслабиот резултат во лигата што ќе им овозможи добра позиција на драфтот.