Top Sport

Нуни Омот замина од МЗТ

Кенискиот интернационалец Нуни Омот завчера, против Сутјеска во Никшиќ, го одигра последниот натпревар во дресот на МЗТ Скопје Аеродром,. Во договор со клупските челици тој денес спогодбено го раскинал договорот.

Крилниот центар веќе извесен период имал семејни проблеми, поради што не можел целосно да им се посвети на професионалните обврски, ниту, пак, да биде максимално концентриран на средбите на нашиот тим.

Сериозноста на овие проблеми наложувала тој да биде заедно со своето семејство во САД.

Омот настапи на пет средби за МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата со просек од 14,2 поени, 3,8 скока и една асистенција. Во домашното првенство, пак, настапи на две средби на кои просечно реализираше 18,5 поени, 4,5 скока и една асистенција.

фото/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top