Леванте и го нанесе третиот пораз на Барселона во Ла Лига оваа сезона. На градскиот стадион во Валнесија, Леванте со пресврт ја победи Барселона со 3:1. Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 62 минути.
Барселона уште еднаш покажа дека е различна екипа кога игра дома и во гости оваа сезона, Против Леванте демонстрираа низа слабости, иако според праксата го имаа поседот на топка.
Без игра и вистинска шанса Барса сепак успеа да постигне гол во првото полувреме. Несмасната реакција на Марипан против Семедо и донесе пенал на Барса во 37 минута. Меси беше сигурен реализитор.
Ова беше јубилејниот 500 гол кој во кариерата Аргентинецот го постигнал со левата нога.
Во второто полувреме Леванте имаа фуриозни девет минути кога го декласираа фаворитот.
Во периодот од 52 до 63 минута играчите на Леванте постигнаа три гола. Најпрвин одличната тимска акција со гол ја заврши Кампања, потоа прекрасен гол постигна Борха Мајорал, а точка на мечот стави српскиот интернационалец Радоја.
Барселона до крајот на мечот постигна гол преку Меси, кој беше поништен поради офсајдот на Гризман.