Асот на Јамаха, Маверик Вињалес водеше во сите кругови од Малезиското ГП за да стигне до доминантна победа пред шампионот Марк Маркез во Хонда и Андреа Довициозо во Дукати.
Победата беше супер-едноставна за Шпанецот, откако го презеде водството во првиот круг и потоа немаше вистинска конкуренција, победувајќи со три секунди пред Маркез, кој успеа да се искачи до второто место откако стартуваше од 11. место. Освојувачот на пол-позицијата, Фабио Квартараро имаше лоша трка и на крајот заврши како седми.
Додека немаше вистинска битка за првото место, за третото место имаше поинтересна битка. Валентино Роси беше „залепен“ зад мотоциклот на својот сонародник Довициозо во вториот дел од трката, но не успеа да најде начин да го помине и на крајот заврши како четврти пред Алекс Ринс (Сузуки) и Франко Морбидели (Петронас Јамаха).
Your #MalaysianGP ?? podium ?
? @mvkoficial12
? @marcmarquez93
? @AndreaDovizioso #MotoGP pic.twitter.com/9dmZuorz5p— MotoGP™ ?? (@MotoGP) November 3, 2019
? @mvkoficial12 storms to sensational Sepang victory!@marcmarquez93 recovers from 11th to 2nd while @AndreaDovizioso holds off @ValeYellow46 for third! ???#MalaysianGP ?? pic.twitter.com/lKQgJso6nj
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) November 3, 2019