Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола потврдил дека капитенот Давид Силва е под знак прашалник за дербито со Ливерпул.
Шпанецот на натпреварот против Саутемптон, во текот на првото полувреме, го повредил мускулот, поради што е неизвесен неговиот настап на „Енфилд“.
„Не верувам дека ќе игра. Чекаме потврда од лекарите. Но кога станува збор за повредата на мускулот тоа бара мирување 10 до 12 дена. Пет минути пред крајот на полувремето се пожали на болки, рече дека не може да продолжи“, рекол Гвардиола.
Ливерпул и Манчестер сити дербито ќе го одиграат в недела од 17.30 часот. По 11 рунди во Премиер лигата Ливерпул се први со шест бода повеќе од Сити.