Легендарниот италијански тренер Фабио Капело му советуваше на Масимилијано Алегри да не го „пополнува“ испразнетото место во Баерн Минхен, туку да чека на Манчестер јунајтед, кои, според него, неминовно ќе го отпуштат Оле Гунар Солскјер.
„Да, тој би бил добар во Баерн Минхен, но не знам колку се добредојдени Италијанците во Германија откако Карло Анчелоти беше тренер таму. Англија од друга страна е возбудлива, таму има шанса да работи добро, а Премиер лигата е шампионат кој те обогатува. Да бев Алегри, дефинитивно ќе го чекав Манчестер“, вели Капело во интервју за радиото „Анкио спорт“.
Поранешниот англиски селектор исто така го коментираше и стартот на работата на Маурицио Сари како тренер на италијанскиот шампион Јувентус.
„Во основа, без идеја не можеш да одиш напред. Сари го сфати тоа и затоа оди на добри резултати, наместо на добра игра. Сари игра со тие кои ќе му дадат подобри резултати“, вели 73-годишниот Капело.