Top Sport

Алфа Ромео го заддржаа Џовинаци и за следната сезона

Алфа Ромео потврдија дека Антонио Џовинаци ќе продолжи да биде нивни возач и во 2020 година, откако Италијанецот ги задоволи со перформансите оваа сезона, освојувајќи четири поени.

Џовинаци имаше две трки за Заубер во 2017 година, пред преименуваниот тим оваа сезона да го донесе во својот тим и тој има драстично помалку поени од својот колега Кими Раиконен со најдобра трка на Италијанското ГП во Монца, кога беше деветти.

„Алфа Ромео ќе ја продолжат соработката со Антонио Џовинаци и во 2020. 25-годишниот Италијанец ќе добие втора цела сезона со тимот кој му даде деби во Ф1“, се вели во соопштението на тимот.

Околу Алфа Ромео има многу шпекулации во последно време, посебно дека италијанската компанија сака да го прекине договорот за спонзорство, односно да го остави швајцарскиот тим сам по 2020.

Scroll to Top