Скопјани најдобро знаат како е да се живее со загаден воздух, но случката од крикет-мечот помеѓу Индија и Бангладеш во Делхи ги надминува овие искуства, откако неколку играчи повраќале од последиците од загадувањето.
Индиската престолнина неколку дена се бори со огромно загадување, предизвикувајќи вонредна состојба и предупредување да не се излегува надвор, но мечот од Т20 серијата во неделата не бил откажан.
Дел од играчите носеа маски, но тоа не беше доволно – Сума Саркар од бангладешката репрезентација изјави дека тој и неколку негови соиграчи повраќале во текот на мечот. Од друга страна индискиот тренер Викрам Ратур изјави дека екстремниот смог не бил толку опасен за тие кои се навикнати.
„Нема посебни мерки бидејќи сме навикнати“, изјави Ратур.
Бангладеш победи со три викети разлика, по што поведе со 1:0 во серијата подобар-од-три.
Who said we don’t celebrate #Halloween. If this isn’t scary then what is.#Chernobyl #DelhiAirEmergency #DelhiPollution #DelhiSmog pic.twitter.com/RX3KhCSTzX
— Shhhh? (@volcalyp) November 4, 2019