Ернесто Валверде го предизвика својот фудбалер Усман Дембеле да го заслужи местото во првиот тим на Барселона, откако францускиот напаѓач и покрај враќањето од повредата не беше во составот за дуелот со Лаеванте.
Дембеле не беше ниту на клупата при шокантниот 3:1 пораз и покрај тоа што му заврши суспензијата од два меча и Валверде е остар.
„Секој мора да го заслужи своето место и Дембеле не е исклучок. Кога ќе игра, може да остане во нападот, но истиот случај е и со Ансу Фати, Луис Суарез, Антоан Гризман или Жерард Пике. Кога ќе ја добиеш својата шанса мораш да ја искористиш и да останеш во тимот“, вели Валверде.
Дембеле, сепак, е повикан за дуелот од Лигата на шампионтие против Славија Прага откако Луис Суарез заработи мала повреда. Дембеле не успеа да се наметне како клучен фудбалер по скапото доаѓање од Борусија Дортмунд и во Каталонија го следеа низа повреди, но и проблеми со дисциплината.