Top Sport

Тотенхем се жалеа за црвениот картон на Сон

Тотенхем поднесоа официјална на одлуката Хјунг-мин Сон да биде суспендиран на три натпревари поради црвениот картон што го доби за стартот врз Андре Гомеш.

Португалецот по лизгачкиот старт на Сон ја скрши ногата.

Повредата на Гомеш е ужасна, но факт е дека на неа не влијаеше само Сон. Кореецот доби жолт картон првично, бидејќи стартот и беше за жолт, а судијата ја смени одлуката откако виде во каква состојба се наоѓа Гомеш.

За повредата на играчот на Евртон влијание има Серж Орие кој налета на Португалецот.

Тотенхем се жале на црвениот картон, иако претходно Премиер лигата образложи зошто играчот на Тотенхем бил исклучен.

„Сон доби црвен картон бидејќи ја загрози безбедноста на играчот“, соопштија од Премиер лигата.

Scroll to Top