Масимилијано Алегри и Жозе Мурњо според германските медиуми се двајцата најсериозни кандидати за преземање на тренерската позиција во Баерн Минхен. Бавариците во неделата го отпуштија Нико Ковач по поразот од Ајнтрахт 5:1.
Португалецот Мурињо нема работа од декември минатата година, но тој не е реална опција за Баерн бидејќи според англиските медиуми бил во преговори со Арсенал.
Многу пореална опција е Алегри кој по завршувањето на сезоната се раздели со Јувентус но се уште зема плата од „старата дама“.
Прашање е доколку Алегри добие понуда дали ќе ја прифати или ќе го послуша советот на славниот сонародник Фабио Капело.
„Алегри би бил совршен избор за Баерн, но не знам, по Анчелоти кој таму малку се задржа, колку Италијанците се добредојдени во Германија. Англија е возбудлива, а Премиер лигата е натпреварување кое ќе ве надогради како тренер. Да бев Алегри ќе одев во Манчестер Јунајтед“, рекол Капело.