Top Sport

Дербито е во Дортмунд, Барса нема право на кикс

Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одграат натпреварите од четвртото коло во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито се игра на „Вестфален“ во Дортмунд, а интересно се очекува да биде во Лондон, Неапол и Лион.

Оваа страна од групите во Лигата на шампионите нуди неизвесна разрешница во групите Г и Х каде реално сите тимови се уште имаат шанси за пласман во осмина-финалето, релативно чиста ситуација во Ф-групата (Ливерпул и Наполи доколку победат вечерва се сигурни за наредната фаза) и доза неизвесност во Е-групата.

Борусија ќе го пречека Интер во дуел на тимовите кои имаат по четири бода по три натпревари. Пред две недели на „Џузепе Меаца“ Интер неочекувано лесно се спарвија со „милионерите“ (2:0). Борусија мора да победи за да остане во трката за осмина-финалето.

Во оваа група Барселона е фаворит против Славија која во првиот меч го надигра фаворитот и не успеа да освои ниту бод. Барса игра променливо од почетокот на сезоната, сигурни се на домашен терен и неубедливи кога гостуваат.

Група Е:

Наполи-Салцбург
Ливерпул-Генк
Табела: Наполи 7, Ливерпул 6, Слацбург 3, Генк 1

Група Ф:

Барселона-Славија Прага
Борусија Дортмунд-Интер

Табела: Барселона 7, Интер 4, Борусија 4, Славија 1

Група Г:

Зенит-Лајпциг
Лион-Бенфика

Табела: Лајпциг 6, Зинит 4, Лион 4, Бенфика 3

Група Х:

Челси-Ајакс
Валенсија-Лил

Табела: Ајакс 6, Челси 6, Валенсија 4, Лил 1

Во терминот од 18.55 часот ќе играат Барселона и Славија, односно Зенит и Лајпциг, додека останатите натпревари ќе започнат во 21 часот.

Scroll to Top