Младиот фудбалер на Салцбург, Ерлинг Халанд, синоќа во Неапол испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите.
Халанд го постигна голот за Салцбург во ремито со Наполи (1:1). Тој во 11 минута успешно реализираше пенал.
Халанд го постигна седмиот гол во Лигата на шампионите и е водечки на листата на стрелците.
Младиот напаѓач на Салцбург стана првиот кој во воведните четири кола успеал седум пати да ги продолжи противничките мрежи.