Top Sport

Катастрофа за Третјаков во „последниот“ старт во скелетон (видео)

Александер Третјаков несомнено е еден од најдобрите скелетон лизгачи на денешницата, но вели дека можеби ја завршил кариерата, така што би било засрамувачки ова да е неговото последно возење.

Третјаков го загуби олимпиското злато од Сочи 2014 година како дел од рускиот допинг-скандал иако немаше позитивен тест. На натпреварувањето од Светскиот куп во Инсбрук, Австрија тој имаше катастрофален старт за да заврши на 34. место, по што призна дека ова е можеби неговата последна трка.

„Многу лоша година. Се надевам дека бргу ќе заврши. Бев подготвен да одам и на Олимпијадата во Пекинг во 2022, но веќе не е до мене. Ова можеби беше мојата последна трка во мојата кариера“, изјави Третјаков за „Р-Спорт“.

ИОЦ го суспендираше шампионот во скелетон, Третјаков

Scroll to Top