Top Sport

Странски служби виновни за хаосот на Партизан-Звезда?

Претседателот на Партизан, Милорад Вучелиќ вели дека уште пред месец и пол „начул“ дека се можни немири на дербито со Црвена звезда и ги обвини странските служби за инцидентот кој го шокираше фудбалскиот свет.

„На некого ова му беше потребно, а тоа не се Партизан и Србија. Партизан со своите навивачи подолго време нема никакви проблеми. Морам да кажам дека нешто начув, дека нешто се подготвува и требаше да обрнеме поголемо внимание. Тогаш дојдоа тие ужасни снимки. Тие дваесет минути не го гледав натпреварот. Во далечината видов поинаку облечени луѓе со некои бели ленти. Ова беше мала инвазија на странци со одредена задача. Тешко е да се верува дека некои навивачи од Сплит, некои членови на кик-бокс клуб колективно ќе дојдат на јужната трибина да навиваат за Партизан. Некој се обиде да исценира нешто“, вели Вучелиќ.

Тој оди понатаму и вели дека главната цел била да се предизвикаат немири во Белград.

„Ова не беше обид само да се преземе трибината, туку насилството да се пресели и на улиците. Да се дестабилизира Белград, а потоа и да се казни Партизазн. Ова беше криминално-шпиунски план. Тука учествуваа странски безбедносни служби, некои структури кои постојат во Белград“, додава Вучелиќ.

Двајцата кик-боксери од Сплит се обвинети за предизвикување на немирите на натпреварот и им се заканува казна од 12 години затвор.

Хрватите добиле по 10.000 евра за да го почнат хаосот на дербито

 

Scroll to Top