Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, рекол дека ќе направи се што е во негова моќ за да остане во Париз.
Икарди летово се пресели во ПСЖ како позајмен играч од Интер. Неговиот договор клубот од „Паркот на Принцовите“ ќе може да го откупи по завршувањето на сезоната.
„Сакам да постигнам нешто поради тоа дојдов овде. Важно е што играм за клуб каков што е ПСЖ. Сметам дека ова е еден од најдобрите клубови во светот и дека доаѓањето тука треба да биде пресвртница во мојата кариера. Ќе сторам се што можам за да останам тука што е можно подолго“, рекол Аргентинецот.
Икарди во тековната сезона има постигнато седум гола на осум одиграни натпревари во Лига 1.