Двојната олимписка боксерска шампионка, Британката Никола Адамс ја заврши боксерската кариера поради страв дека може да го загуби видот.
„Ме известија дека со секој удар на моето око, најверојатно ќе се дојде до непоправливо оштетување и губење на видот“ – изјави Адамс.
Таа на Олимписките игри во Лондон во 2012 година освои злато, а 4 години подоцна во Рио ја одбрани титулата во мува-категорија.
Адамс во 2017 година стана професионалец и светски шампион во ВБО верзијата.
„Огромна чест ми претставува тоа што ја претставував нашата земја, што освоив две златни олимписки медали, а освојувањето на шампионскиот појас во ВБО е остварување на сонот. Сепак, сето тоа се одрази на моето тели“ – рече 37-годишната боксерка.
Последен пат се бореше на 28 септември, а профи-кариерата ја заврши со 5 победи и една нерешена борба.