Top Sport

Напаѓачите на Озил и Колашинац признаа вина, наскоро казната

Ешли Смит (30 ) и Џордан Нортховер (26) ја признаа вината за нападот на фудбалерите на лондонски Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац. Двајцата напаѓачи, според признанието, сакале да ги украдат скапите часовници на фудбалерите, но не успеаја во намерата, благодарение на отпорот на Колашинац кој храбро им се спротивстави.

Англиските медиуми јавуваат дека казната за нападот би требало да биде одредена многу скоро.

Иако медиумите на Островот во јули годинава, непосредно по инцидентот кој се случи пред ресторан во Лондон информираа дека напаѓачите се членови на турска, односно источноевропска банда, се чини дека сето тоа било дезинформација.

Двајцата насилници се обиделе само да ги украдат нивните часовници, а не автомобилите, како што се претпоставуваше.

Scroll to Top