Top Sport

Вердаско се ожени со сестрата на Енрике Иглесиас (видео)

Шпанскиот тениски ветеран, Фернандо Вердаско веќе не е сингл. 34-годишниот Вердаско се ожени со сестрата на пејачот Енрике Иглесиас, Ана Бојер на приватна церемонија на елитниот остров Мустик на Карибите.

Кум на свадбата беше Фелисијано Лопез, додека полубратот на Бојер, Енрике Иглесиас не беше присутен на свадбата. 28-годишната Бојер е ќерка на Исабел Прејслер и поранешниот шпански министер за финансии Мигуел Бојер, додека Исабел беше мажена за Хулио Иглесиас од 1971 до 1979 година.

Вердаско е втор тенисер кој влегува во „кланот“ Бојер-Иглесиас, бидејќи Енрике Иглесиас е во врска со руската тениска дива Ана Курникова повеќе од една деценија.

Scroll to Top