Top Sport

Голманот Вокер: Најчесто им се смејам на голманите

Десниот бек на Манчестер сити Кајл Вокер во финишот на натпреварот со Аталанта застана на голот на својот тим бидејќи Клаудио Браво доби црвен картон.

Браво на полувремето го замени Едерсон, а во 81 минута поради стартот врз Иличиќ доби црвен картон. Гвардиола на теренот наместо Марез го испрати Вокер.

Анлглискиот репрезентативец одлично си ја заврши работата, во неколку ситуации го спаси својот тим, а успеа и да го одбрани шутот на Малиновски од слободен удар.

https://twitter.com/DannyCulley7/status/1192197103835131905

„Знам често да им се смеам на голманите за време на тренинзите. Денес ми стана јасно дека некои удари од прва тешко се бранат“, рекол Вокер.

Инаку 36 годишниот Браво е првиот голман во историјата на Лигата на шампионите кој е исклучен откако во игра влегол како замена.

Scroll to Top