Top Sport

Гестот на Сон го воодушеви фудбалскиот свет (Видео)

Фудбалерот на Тотенхем Хјеон-мин Сон постигна два гола во Белград во победата над Црвена ѕвезда 4:0. Репрезентативецот на Јужна Кореја ги постигна вториот и третиот гол за Тотенхем.

Сон минатата недела беше актуелен поради тешката повреда на Андре Гомеш, кој со тешка повреда го заврши натпреварот Тотенхем-Евертон.

Откако го постигна својот прв гол на стадионот „Рајко Митиќ“, Сон не славеше туку се сврте кон камерата јавно му се извини на Португалецот и на сите им се заблагодари за поддршката.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1192192124692901893

„Ми беше многу тешко изминатите денови. Многу ми е жал поради несреќата, но морав да се фокусирам, морав да продолжам понатаму“, рекол Сон по натпреварот.

„Сфатив колку сум среќен поради поддршката што ја имав од соиграчите и навивачите. Гестот по голот беше наменет за сите кои ме поддржаа“.

За потсетување Премиер лигата го избриша црвениот картон кој го доби Сон на натпреварот со Евертон. Португалецот Андре Гомеш е опериран во понеделникот и го започна процесот на рехабилитација.

Scroll to Top