Голманот на Манчестер сити Едерсон Мораеш веројатно ќе го пропушти неделното дерби против Ливерпул поради повреда на бутниот мускул. Бразилецот се повредил во првото полувреме на натпреварот против Аталната во Лигата на шампионите.
Манчестер сити не излегле со соопштение околу сериозноста на повредата, но менаџерот Гвардиола најавува дека тој нема да брани против Ливерпул.
„Не сакавме да ризикуваме, го заменивме во полувремето. Чувствувал болка во мускулот. Делува дека не се работи за сериозна повреда, но не можам да тврдам дека ќе игра против Ливерпул“, рекол Гвардиола.
Против Аталанта на местото на Едерсон пред голот застана 36 годишниот Клаудио Браво. Тој ќе биде алтернативата и доколку Бразилецот не мкже да брани против Ливерпул.