Top Sport

„Реал иритираат со изјавите за Мбапе“

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, не е задоволен што Реал во јавноста често го спомнуваат името на Килијан Мбапе.

Младиот напаѓач долго време се поврзува со евентуален трансфер во Мадрид, а во понеделникот тренерот на Реал, Зинедин Зидан, рекол дека сонот на Мбапе бил да игра за „кралскиот клуб“.

„Нервираат ваквите изјави. Не е прв пат и веќе станува здодевно. Килијан е важен играч за нас, има уште две и пол години години договор со ПСЖ, така што да се зборува за некакви сништа е невкусно. Ајде да престанеме со ова“, рекол Леонардо.

Мбапе наскоро ќе се појави во Мадрид кога со ПСЖ ќе му гостува на Реал во Лигата на шампионите (26 ноември). Првиот натпревар, кој Мбапе го пропушти поради повреда, им припадна на ПСЖ со 3:0.

Зидан: Мбапе сонува да игра за Реал, со Бејл имам одличен однос

Scroll to Top