Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини на кого пред еден месец му истече забраната за работа во спортот, бара исплата на преостанатите плати, трошоците на судењето и бонусите што му припаѓале според договорот.
Платини бара УЕФА да му исплати 7,2 милиони евра.
Поранешниот претседател на УЕФА, кого на функцијата го замени Александар Чеферин, суспнезијата ја доби во 2015 година. Платини е казнет бидејќи во 2011 година добил од ФИФА два милиони швајцарски франци.
Тој се уште тврди дека ФИФА задоцниле да го исплати за она што го сработел за нив во периодот од 1998 до 2002 година.