Top Sport

АБА го казни КК Морнар Бар

Дисциплинската комисија при АБА-лигата го казни кошаркарскиот клуб Морнар поради инцидентот што се случи на натпреварот со Цедевита Олимпија.

На овој натпревара при резултат 77:70 во самата завршница Дерик Нидам чекаше да помине времето, кога Рајан Боутрајт му ја украде топата и жестоко ја заби во кошот. Неговиот потег предизвика незадоволство во публиката, а еден навивач тргна физички да се пресмета со Боутрајт.

Морнар еден натпревар ќе мора да одигра пред празни трибини, на еден натпревар партерот во салата во Бар ќе биде празен. Исто така клубот е казнет и парично со 20.000 евра.

Скандал во Бар, навивач влета на теренот и го удри Боутрајт (Видео)

Scroll to Top