Големите ривали Реал и Барселона биле заинтересирани за Пјер-Емерик Обамејанг, објавија шпанските медиуми.
Напаѓачот од Габон има договор со Арсенал до јуни 2021 година, веројатно нема да потпише нов што значи дека постои шанса наредното лето да биде продаден.
Според шпанските медиуми Реал и Барселона биле подготвени да понудат 70 милиони евра за Обамејанг.
Обамејанг е член на Арсенал од јануари 2018 година одиграл 78 натпревари и постигнал 50 голови. Од пред два дена е промовиран во капитен на Арсенал, откако лентата му е одземена на Гранит Џака.