Французинките ќе играат во финалето на ракометниот Мундијал во Германија, откако во драматичното финале ја победи Шведска 24:22 (11:12).
Меч достоен дури и за финале одиграа Франција и Шведска, а репрезентацијата на „вардарките“ Амадин Лејно и Александара Лакрабер на крајот се избори за победата.
Јасно и пред дуелот беше дека Франција ќе стави акцент на играта во одбраата, а тој предизвик го прифатија и Швеѓанките.
Франција прва стекна позначајна предност (10:6), но потоа влегоа во лоша серија десет минути не постигнаа гол. Шведака фго презеде водството и на полувреме имаше гол предност.
По слично сценарио се одвиваше и вториот дел, голема борба во воведните минути, а потоа серија на Французинките за предност 20:16. И повторно Шведска се врати во мечот, ја стигна и престигна предноста на ривалките.
Швеѓанките во последните две минути влегоа со предност 21:22, но до крајот не постигнаа гол, а Франција постигна три за конечен триумф 24:22 и пласман во финалето каде ќе се бори за својата вторат титула во историјата.
На крајот најдобра кај Франција, слично како и во четврт-финалето со Црна Гора, беше Амадин Лејно. Голманката на Вардар имаше 14 интервенции, додека втората „вардарка“ Александара Лакрабер со пет гола беше најефикасна во редовите на Франција. Шведска ја предводеше Хагман со осум гола
Франција за златниот медал ќе се бори со Норвеша, додека Шведска за бронзениот медал ќе игра со Холандија.