Top Sport

Тренерот на Гремио: Јас бев подобар од Роналдо, само не сте ме гледале (видео)

Тренерот на Гремио, Ренато Гаучо, кој „тресеше“ во бразилската лига во 1980-тите и 1990-тите вели дека бил подобар играч од Кристијано Роналдо пред дуелот со Реал Мадрид за титулата на Светското клупско првенство во сабота.

„Денешната генерација најмногу гледа кон Кристијано Роналдо. Таа генерација не ме гледаше мене како играв. Зборувајте со постарите луѓе, тие кои ме гледаа и ќе ви кажат кој беше подобар. Би сакал да го видам Роналдо да освојува титули со клубовите со кои јас играв во услови кога понекогаш имавме три-четири неисплатени плати. Би сакал да играм во Реал Мадрид денеска, со еден меч неделно, со одличен терен и со чудовишта како клупски колеги“, вели Гаучо.

Тој, сепак, признава дека Роналдо е добар фудбалер.

„Тој е одличен фудбалер, но работи премногу на сила и нема голема техника. Гледајте го кога се трга од левото крило, не прави ништо. Јас бев далеку поактивен, бидејќи играв на левото крило, на десното крило, во центарот“, додава Гаучо.

Погледнете ги неговите најдобри моменти, па заклучете сами дали бразилскиот тренер се преценува.

Scroll to Top