Лестер продолжи со одличните партии од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Вечерва во дербито „лисиците“ го победија Арсенал 2:0. Лестер ја забележаа осмата победа и со 26 бода заедно со Челси ја делат втората позиција, зад нив со натпревар помалку се Манчестер сити. Од друга страна Арсенал останаа на 17 бода, тие го запишаа третиот пораз сезонава.
Дуелот на „Кинг Пауер“ донесе динамичен натпревар кој беше реен во последните 20 минути.
Два пати играчите на Лестер креираа одлично акции со кои на капитулација го натераа Бернд Лено.
Џејми Варди ја продолжи гол-серијата во Премиер лигата. Повратникот во англиската репрезентација го постигна првиот гол на мечот во 68 минута.
Точка на мечот стави Џејмс Медисон во 75 минута.
Англиските медуими шпекулираат дека прашање на денот е кога Арсенал ќе го отпуштат тренерот Унаи Емери. На последните четири натпревари Арсенал освоил само два бода.