Top Sport

Проектил на Барела, Интер ја победи Верона (Видео)

Фудбалерите на Интер со тешка мака успеаја да ја совладаат Верона 2:1 во рамките на 12 коло во Серија А.

Интер си ја завршија својата работа во ова коло се искачија на врвот во Серија и сега чекаат евентуален кикс на Јувентус за да останат на првото место.

Мечот не започна добро за домаќините. Гостите од „Бентегоди“ добија пенал во првото полувреме. Сигурен реализатор беша Валерио Вере.

Интер заиграа подобро во второто полувреме, најпрвин преку Весино во 65 минута го израмнија резултатот, а на седум минути до истекот на 90 минута Барела постигна спектакуларен гол за 2:1.

За поранешниот играч на Калјари ова беше прв гол за Интер на официјален натпревар.

Scroll to Top