Top Sport

Харден броеше до 42, Дончиќ на чекор до трипл-дабл (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари. Индивидуално доминираа Џејмс Харден, Лука Дончиќ.

Хјустон во Чикаго славеа со 117:94. Импресивна статистика имаше Џејмс Харден 42 поени, 10 скока, девет асистенции и две украдени топки.

Далас ја оправдаа фаворитската улога кај Мемфис. Маверикс славеа со 138:122. Лука Дончиќ последниот период го мина на клупата поради што не успеа да забележи нов трип-дабл. Словенецот мечот го заврши со 24 поени, 14 скока и осум асистенции.

Нова блескава партија пружи Дианџело Расел во поразот на Голден стејт од Оклахома 114:108. Расел кој претходната ноќ постигна рекордни 52 поени, мечот против Оклахома го заврши со 30 коша. Јасно е дека во отсуство на повредените ѕвезди на Голден стејт тој ќе биде предвоникот на теренот.

Резултати:

Сан Антонио Спарс-Бостон Селтикс 115:135
Шарлот Хорнетс-Њу Орлеанс Пеликанс 110:115
Чикго Булс-Хјустон Рокетс 94:117
Мемфис Гризлис-Далас Маверикс 122:138
Оклахома сити Тандер-Голден стејт Вориорс 114.108.

Scroll to Top