Top Sport

Франција ја освои титулата во Фед купот

Репрезентативките на Франција ја освоија титулата во Фед купот. Франција во финалето ја победи Австралија со 3:2.

Решавачкиот поен Французинките го освоија во игра на двојки.

Комбинацијата Гарсија/Младеновиќ за 77 минути ја победи австралиската двојка Барти/Стосур со 6/4, 6/3.

Во последниот меч репрезентациите влегоа со резултат 2:2.

Водство на Франција и донесе Кристина Младеновиќ со победата над најдобрата во светот Ешли Барти 2: (2/6, 6/4, 7/6).

Австралија израмни со победата на Ајла Томљановиќ над Паулин Парментие. Томљановиќ за 94 минути игра победи со 6/4, 7/5.

Франција ја освои првата титула во Фед купот по 2003 година, додека Австралија на трофеј во ова натпреварување чека од 1974 година.

Scroll to Top