Фудбалерите на Борусија од Менхенгладбах по победата над Вердер 3:1 се зацврсти на лидерската позиција во Бундес лигата. Менхенгладбах имаат 25 поени, четири повеќе од Лајпциг и Баерн Минхен.
Борусија во 120 секунди ја обезбеди победата пред своите навивачи. Во 20 минута првиот гол го постигна Реми Бенсебаини, а две минути подоцна стрелец беше и Патрик Херман.
По точно еден час игра Херман го постигна својот втор гол, трет за Борусија на овој натпревар. Пред третиот гол за домаќините, играчот на Вердер Класен не успеа да реализира пенал.
До крајот на мечот фудбалерите на Вердер постигнаа еден гол, а стрелец беше Битенкур.
Борусија Менхенгладбах во наредното коло ќе гостуваат кај Унион Берлин.