Top Sport

Лесни триумфи за Јунајтед и Вулверхемптон (Видео)

Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон забележаа победи во попладневните натпревари што се одиграа во рамките на 12 коло во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ врза две победи на „Олд Трафорд“ што треба да им ја зголеми самодовербата. По победата над Партизан во Лига Европа (3:0), Јунајтед во првенството го совладаа Брајтон со 3:1.

Новите три бода ги искачи „црвените ѓаволи“ на седмото место на табелата.

Добрата игра во првите 20 минути им ја обезбеди победата на Јунајтед. Андреас Переира постигна гол во 17 минута, а две минути подоцна автогол си постигна Пропер.

Брајтон се вратија во мечот во 64 минута кога Данк по корнерот што го изведе Грос го совлада Де Хеа. Меѓутоа само две минути подоцна Рашфорд ги уништи надежите на Брајтон дека ќе можат непоразени да заминат од „Олд Трафорд“.

Фудбалерите на Вулверхемптон во соседското дерби успеаја да ја совладаат Астон Вила со 2:1 Вулвс се на осмата позиција по ова коло, додека Вила останаа на 17 место.

Головите за Вулвс ги постигнаа Рубен Невеш во 41 и Раул Хименез во 84 минута. Поразот за Астон Вила го ублажи Египѓанецот Трезеге во 92 минута.

Scroll to Top