Top Sport

Последниот меч на Пирло ќе биде во Перу?

Андреа Пирло можеби ќе одигра уште еден натпревар во неговата кариера, откако Универзитарио де Депортес во Перу потврди дека има понуда за италијанската фудбалска легенда.

Играчот од средниот ред се повлече на 38 години по крајот на договорот со американскиот Њујорк сити ФЦ минатиот месец. Сега, Университарио де Депортес му нуди настап на „Ноче крема“, денот на претставување на тимот на УД кој се одржува во јануари, и на кое покрај музичко шоу има пријателски меч за стартот на сезоната.

„Имаме понуда од компанија која сака да го донесе Пирло на ’Ноче крема’, но засега ништо не е договорено“, изјави портпаролот на клубот, Карлос Морено.

Роналдињо беше една од ѕвездите кои играа на „Ноче крема“ за перуанскиот клуб Сиенсиано.

Scroll to Top