Фудбалерите на Сиетл Саундерс втор пат во историјата ја освоија титулата во американскиот МЛС шампионат. Сиетл во реприза на финалето од 2017 година го победија Торонто со 3:1, со што им се реваншираа за поразот од пред две сезони.
Борбата за титулата беше решена во второто полувреме, откако првиот дел заврши без голови.
Сиетел стигнаа до предност од 2:0 со головите на Ледерма во 57 и Родригез во 76 минута, а победата ја завери Руидиаз во последната минута.
До крајот Алтидор успеа да го постигне почесниот гол за Торонто.