Top Sport

Со четири збора се огласи и Роналдо

Кристијано Роналдо се огласил на социјалните мрежи по „инцидентот“ на синоќешниот натпревар со Милан.

Тренерот на Јувентус Маурицио Сари го замнеи Роналдо во 55 минута што не му се допадна на Португалецот.

Лут тој веднаш се упати кон соблекувалната, а на три минути до крајот на мечот го напуштил стадионот. Некои италијански медиуми пренесоа дека во моментот кога го напуштал теренот Роналдо му порачал на Сари да се „е.е“.
Сари по мечот рекол дека го повлекол Роналдо од игра бидејќи имал проблеми со коленото, односно дека не бил доволно физички подготвен да го издржи натпреварот до крај.

„Ќе бев загрижен доколку Роналдо не реагираше така“, рекол Сари.

По целата врева што се крена по неговиот потег Роналдо се огласи на „Инстаграм“.

„Тежок меч, важна победа“.

 

View this post on Instagram

 

Partita difficile, vittoria importante! #finoallafine

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top