Top Sport

Алиоски ги пропушта Австрија и Израел, неизвесен е настапот на Тричковски

Македонската репрезентација денеска ги започнува подготовките за последните два квалификациски натпревари од циклусот квалификации за пласман на ЕП 2020.

Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми околу составот, бидејќи Езџан Алиоски поради повреда нема да биде дел од тимот, а извесно е дека овие натпревари, поради повреда ќе ги пропушти и Иван Тричковски.

Поради повреда повик за овие два натпревари воопшто не доби Аријан Адеми.

Поради овие проблеми селекторот во националниот тим го повика фудбалерот на Ружомберок, Тихомир Костадинов.

„Дарко Велковски и Стефан Ристовски доаѓаат дефинитивно, па потоа ќе видиме колку и дали можат. Исто така Муслиу, Несторовски и Николов се тука, тие немаат право да играат со Австрија. Најпрво би сакал да можат да настапат и Спировски и Велковски. Не размислувам сега за викање на друг играч. Дефанзивци не ни има премногу во нашиот фудбал. Зајков, Младеновски, Тошевски и Ристевски, тоа е се играчите од кои може да се направи дефанзивна четворка. Адеми има пукнатина на стопалото и мора да паузира.“, рекол Ангеловски кој се надева на добар крај на квалификациите.

„Трети сме, и сакаме да останеме таму. Целта е да освоиме што повеќе бодови и да пробаме што повеќе тактички комбинации за она што претстои во март“, заврши селекторот.

Македонија на 16 ноември ќе гостува во Виена кај Австрија, а на 19 ноември во последниот натпревар од овој циклус ќе го пречека Израел.

Scroll to Top