Словачката тенисерка Доминика Цибулкова(30) одлучи да се повлече од префесионалниот тенис.
Некогашната четврта светска тенисерка во кариерата освои 8 ВТА титули, а во 2014 година играше во финалето на Австралија Опен. Годинава стигна до полуфиналето на Ролан Гарос.
Тенисерката од Словачка на Инстаграм профилот напиша порака до сите нејзини навивачи:
„Денес со помешани чувства имам посебни вести да поделам со вас. Како што знаете, со месеци не сум одиграла ниту еден турнир. Се тргна од повредата на Ахиловата тетива, која ми го донесе еден од најтешките моменти во животот – требаше да одлучам што ќе правам со тениската кариера. По многу размислување и поддршка што ги добив од семејството и пријателите, одлучив дека веќе нема да се вратам како натпреварувачка“ – напиша меѓудругото Цибулкова.
Таа во 2016 година го освои Завршниот турнир, а во кариерата трипати играше четвртфинале на Вимблдон и еднаш на УС-опен, во 2010 година.
Цибулкова оствари 450 победи со 299 порази, а на ВТА листата беше уште од 2004 година.