Top Sport

Нема шега со Лампард – за доцнење на тренинг казна од 23.000 евра (фото)

Френк Лампард е легенда на Челси и неговиот збор се почитува на „Стемфорд Бриџ“.

Кога Френк ќе каже нешто, тоа е закон. Така беше и како играч, а така се поставува и сега како менаџер на екипата.
Во јавноста се појави „ценовникот за казни на Лампард“. Изгледа немилосрдно, но мора да се почитува.

Доколку фудбалер задоцни на тренинг, ќе треба да плати казна од 23.000 евра.

Доколку, пак, фудбалер не пријави болест или повреда пред слободен ден или на час и половина пред поетокот на тренингот, казната е 11.500 евра.

Погледнете го „ценовникот“:

Scroll to Top