Навивачката група „Рибари“ Охрид викендов го одбележа 30-от роденден, а спектаклот со кој го прослави јубилејот е топ тема во земјата но и пошироко.
Фотографии и видеа од досега невидена факелијада („баклијада“) на овие простори ги преплавија социјалните мрежи и специјализираните медиуми.
За „Рибари“ пишуваат балканските портали, но и највлијателните спортски медиуми кои ја следат тифо сцената во поширокиот регион, се до Полска.
Погледнете како изгледаше спектакуларната прослава на „Рибари“ кои веќе три децении се заштитен знак на Охрид: