Во меч кој траеше безмалку 3 часа, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ загуби од австрискиот тенисер, Доминик Тим со 1-2 (по сетови 7-6 3-6 и 6-7) во меч од второто коло во групата „Бјорн Борг“ на завршниот Мастерс турнир во Лондон.
Со тоа Тим стана првиот полуфиналист на турнирот откако забележа две победи (првата изненадувачка против Роџер Федерер) во двете кола во „О2 арената“.
Мечот го одбележа голема борба, одлични потези и неизвесност до самиот крај.
Во првиот сет, двајцата тенисери направија по еден брејк, па мораше да се игра тај-брејк за да се одреди чие ќе биде почетното водство од 1-0. Предноста отиде на страната на поискусниот и подобропласиран тенисер во моментов (Ѓоковиќ е втор, а Тим петти на АТП листата).
Иако психолошката предност беше на страната на Србинот, во вториот сет Ѓоковиќ не можеше да ја пронајде вистинската игра. Тоа го казни Австриецот, кој направи брејк во вториот сет, доволен за освојување на сетот со 3-6 и израмнување на мечот на 1-1.
Во третиот одлучувачки сет, Тим уште во првиот гем направи брејк, што српскиот ас успеа да го анулира во шестиот гем. Нерешено беше се до 5-5.
Австриецот го освои сервисот на Србинот сервираше за 6-5, по што сервираше за победа и пласман во полуфиналето на турнирот. Сепак, Ѓоковиќ не се предаде, го возврати брејкот и сетот мораше да биде решен со тај-брејк.
Тука следуваше нова драма. Ѓоковиќ поведе со 3-0, но за кратко Тим успеа да израмни на 4-4. Австриецот поведе со 5-4 со мини брејк, па следуваше 6-4.
Ѓоковиќ спаси меч топка, намали на 5-6, но Тим беше присебен и ја искористи втората меч топка за 7-5 тај-брејкот и голема победа за пласман во полуфинале.
Во третото коло од оваа група Ѓоковиќ и Федерер меѓусебе ќе одлучуваат за вториот патник во полуфиналето.
PUTTING. ON. A. SHOW ?
Sumptuous tennis from @DjokerNole and @ThiemDomi!#NittoATPFinals pic.twitter.com/NfqbcXDztt
— Tennis TV (@TennisTV) November 12, 2019