Top Sport

„Тепачката беше жестока, храна од масите леташе на сите страни“

Англиската јавност не престанува да се занимава со случајот на Рахим Стерлинг и Џо Гомез. Тензиите што настанаа помеѓу нив двајца во пресметката на нивните клубови Ливерпул и Манчестер Јунајтед ги пренесоа и во националниот тим.

Стерлинг го фатил за гуша Гомез. Поради инцидентот селекторот Герет Саутгејт го избркал Стерлинг од репрезентацијата и тој сигурно нема да игра против Црна Гора.

„Атлетик“ донесе нови детали од инцидентот. Повикувајќи се на свои извори „Атлетик“ тврди дека инцидентот не траел повеќе од 15 секунди и дека го предизвикал Стерлинг.

„Инцидентот се случил во понеделникот околу 12.30 часот за време на ручекот во тренинг-кампот на репрезентацијата. Гомез кој тогаш пристигнал одел од еден до друг фудбалер и се ракувал со нив. Кога дошол до Стерлинг, играчот на Манчестер сити одбил да се ракува и му рекол: ‘Мислиш дека си фаца?’, а потоа станал и се фрлил на Гомез. Беше жестоко, храната од масите леташе на сите страни“, пишува „Атлетик“.

Овој извор цитира и еден од очевидците: „Сите бевме шокирани од она што го видовме се случи ненадејно, неочекувано. Неколку часа по инцидентот не ни беше јасно што се случи“.

Дел од англиските медиуми пишуваат дека искусните репрезентативци го молеле селекторот да не го суспендира Стерлинг, но тој не сакал да ја смени својата одлука.

Scroll to Top