Top Sport

Барселона се повлекува од трката за Халанд

Ерлинг Халанд е момчето за кое се зборува во фудбалските клубови. Минатата среда постигна гол против Наполи во Лигата на шампионите и влезе во историјата. Тој е првиот фудбалер што постигнал седум гола во првите четири рунди во Лигата на шампионите.

Потенцијалот што го поседува Норвежанецот е огромен, поради тоа врвни клубови се интересираат за него. Во Салцбург се свесни дека кога тогаш тој ќе замине поради што одредија цена од 100 милиони евра.

Манчестер Јунајтед, Арсенал, Манчестер сити, Јувентус, Ливерпул…долга е листата што сакаат да го видат Халанд во своите редови.

Кога разбрале колку пари Салцбург бараат за својот напаѓач од трката, според каталонските медиуми, се повлекла Барселона.

На „Ноу Камп“ сметале таа сума е далеку над реалната, односно дека во овој момент и покрај извонредната форма во која се наоѓал. Халанд не вредел толку пари.

Ерлинг Халанд од почетокот на сезоната има постигнато 26 гола на 18 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top