Легендарниот француски фубалер, Тиери Анри (42) му се врати на тренерскиот „занает“, стана кормилар на канадскиот фудбалски клуб, Монтреал Импакт кој се натпреварува во американската МЛС лига.
Поранешниот ас на Барселона и Арсенал, кој е освојувач на европска и светска титула со селекцијата на Франција потпиша договор до 2022 година.
Анри во досегашната скромна тренерска кариера го водеше само Монако, и тоа неуспешно. Французинот беше и помошник тренер во селекцијата на Белгија.
Во Канада ќе се обиде да го подигне својот тренерски квалитет на повисоко ниво.
Добредојде во Канада му посака екс-фудбалерот на Барса, Бојан Кркиќ (29) кој од неодамна е играч на Монтреал. Тој му беше соиграч на Анри во Каталонскиот клуб, од 2007 до 2010 година.
Welcome to Montreal @ThierryHenry !
? >> https://t.co/OTLqZ2rBJo#IMFC #AllezMTL pic.twitter.com/F8Mfi5DdxC
— Impact de Montréal (@impactmontreal) November 14, 2019