Top Sport

Чиле одби да игра притив Перу, фудбалерите го бојкотираат претседателот Пињера

Бојкот се случи во Чиле откако фудбалските репрезентативци на оваа јужноамериканска земја одбија да излезат на теренот и да го одиграат пријателскиот меч со селекцијата на Перу, во Лима. Претходно беше одложен и мечот што Чиле требаше да го игра против Боливија.

Фудбалскиот сојуз на Чиле објави дека бил одржан состанок со најискусните репрезентативци, како претставници се појавиле Артуро Видал и Клаудио Браво. Одлучено било никој од фудбалерите да не се појави на теренот. Поради тоа тие веднаш се вратиле во своите клубови.

„Ние сме фудбалери, но пред се луѓе и граѓани на оваа земја. Чиле моментно има поважни работи од мечот во вторник“ – напиша на твитер капитенот на селекцијата, Гари Медел.

Играчите на овој начин го изразиле својот протест против актуелниот претседател на Чиле, Мигуел Хуан Себастијан Пињера кој се наоѓа под силен притисок на народот во својата земја.

Во Чиле се случува најголемиот протест од 1990 година па досега, а се започна откако беше поскапен јавниот превоз во земјата.

Scroll to Top