Британецот Адам Пити постави нов европски рекорд (55.94 секунди) на континеталниот шампионат во кратки базени, на 50 метри градно.
Пити само ја потврди доминацијата во оваа дисциплина, тој на двојно подолгата патека е светски првак, рекордер и олимписки шампион на 100 метри градно.
Второто место, зад Пити го освои Русинот Кирил Пригода, кој претходно во полу-финалето го собори европскиот рекорд (56.02). Бронзениот медал му припадна на Италијанецот Фабио Скоцоли.