Top Sport

Атлетико ја „скокна“ Валенсија

Атлетико Мадрид го искористи поразот на Валенсија кај Еибар (2:1) и со победата над Алваес (1:0) се искачи на второто место на табелата во Ла Лига.

Атлетико долго се мачеше да го пробие бункерот на гостите, а тоа му успеа во 74.минута кога ветаранот Фернандо Торес во гол го претвори асистенцијата на Врсаљко.

До тој момент на натпреварот беше видена само една шанса (Гамериро во 23.минута) и впечатокот беше дека одбраната на Алваес ќе го издржи притисокот.

Дуелот со Алавес беше 20. во првенството на кој Атлетико нема пораз. Сезонава екипата на Диего Симеоне има 10 победи и шест порази.

Претходно Валенсија ги загуби бодовите кај Еибар. Валенсија во последните три кола го претрпе вториот пораз. Јапонецот Инуи го постигна првиот гол во 49.минута, а четири минути подцна израмни Санти Мина. Конечниот резултат го постави Јордан во 87.минута.

Атлетико го искористи поразот на Валенсија и се искачи на втората позиција на табелата со 36 бода, три помалку од Барселона.

Барса својот натпревар од 16.коло ќе го одигра утревечер против Ла Коруња.

Scroll to Top